| четврток, 6 декември 2018 |

Универзална сала ќе биде урната до темел, ќе се гради нова!

univerzalna

Скопската Универзална сала ќе биде урната до темел и ќе се гради нова. Ова треба да биде направено бидејќи зградата е стара 47 години. Ова е заклучок на трибината  „Стратегија за развој на Универзална сала за период 2013-2016 година“.

Според најавите на претставниците од Универзална сала и од Секторот за јавни дејности на Град Скопје, се предвидува да се урне 70-80 отсто од објектот и да останат само темелите.

Како што рече директората на Универзална сала, Вера Бошковска, обврската за реконструкција на салата ја презема Владата. Од моментот кога ќе бидат одобрени средствата додека почне изградбата ќе поминат 6 месеци, бидејќи е потребно време за подготовки и за адаптација.

На трибината беше посочено и дека средствата што Универзална  ги обезбедува од самофинансирање, од издавањето на салата и од своите активности не се доволни за одржување и функционирање на објектот.

Инаку реконструкцијата на Универзална сала се најавува од минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top