Премиерот на Крим, Сергеј Аксјанов, рече дека владата утре и официјално ќе побара припојување кон Русија, по денешниот референдум на кој 93 проценти од излезените се изјаснија за соединување со Русија.
– Врховниот Совет на Крим официјално ќе побара влез во Руската Федерација на состанокот на 17. март – напиша Аксјанов на Твитер.
Тој претходно рече дека денешниот референдум за соединување со Русија ќе влезе во историјата.
Официјална Москва внимателно ги следи резултатите на референдумот на Крим, а ќе ги разгледа откако ќе станат официјални, соопшти вечерва портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Григориј Карасин.
Британија и Франција најавија дека нема да ги признаат резултатите од референдумот и побараа Русија да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.