
Директорот на УБК Сашо Мијалков, ги отфрли тврдењата на СДСМ дека освен од Чешка и Панама, води бизниси и преку други земји. Мијалков одговара дека јавноста знае дека секогаш кога СДСМ е без идеја и без програма на портпаролот Петре Шилегов му се дава задача да поставува прашања.
– Добро е што СДСМ признава со ваквите настапи дека ништо не знае, но лошо е што не постои капацитет и мора по илјада пати да се повторуваат одговорите. Еве го пак одговорот. Не сум тоа јас почитувани политички опоненти. Доколку имате какви било дилеми за нешто незаконско, барем еднаш покажете респект кон институциите на Р. Македонија. Не прашувајте и не манипулирајте туку пријавете. Јас сум подготвен да соработувам со обвинителството доколку има потреба. Дали сте подготвени вие – вели Мијалков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


