Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси стана најдобар стрелец на сите времиња во историјата на Барселона, откако на натрпеварот против Осасуна вечерва постигна хет-трик.
Меси во дресот на шпанската Барса постигна вкупно 371 гол, а рекордот го собори откако го постигна вториот погодок на мечот во 63. минута.
Првиот гол Аргентинецот го постигна во 18. минута, за водство од 1-0, а се запиша во листатта на стрелците и во 88. минута, кога го постигна шестиот гол на мечот во кој Барселона славеше со 7-0. Стрелци на другите голови беа и Алексис Санчез, Андрес Иниеста, Тело и Педро Родригез.
Каталонскиот фудбалски гигант по 28. коло е трет на табелата со 66 бода, четири помалку од првопласираниот Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.