Додека се трага по исчезнатиот малезиски авион кој превезување 239 патници, се појавија докази кои говорат во прилог на теоријата дека пилотот намерно го срушил авионот за да изврши самоубиство.
– Самоубиство на пилотот е најлогично објаснување за исчезнување на малезискиот авион. Ова веќе двапати се случило во историјата на авијацијата – изјави Мајк Глин, член на одборот на Здружението на австралиските и меѓународни пилоти.
Официјалните лица уште не се склони да поверуваат во теоријата дека еден од пилотите намерно го срушил авионот за да изврши самоубиство, иако има докази за тоа, пренесе агенцијата „Асошиетед прес“.
Полицијата, во меѓувреме ја претресе куќата на пилотот и копилотот на авионот и го анализираа симулаторот на лет на пилотот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.