| четврток, 6 декември 2018 |

И во Македонија децата ќе се вакцинираат со поливалентни вакцини

vakcina

И во Македонија децата ќе се вакцинираат со поливалентни, комбинирани вакцини. Тоа се вакцини со кои децата ќе се вакцинираат со по пет-шест вакцини одеднаш. Ова го најави Никола Тодоров, министерот за здравство кој тендерот за набавка на овие вакцини ќе се распише кон крајот на годината.

Овие вакцини се поскапи од обичните, со кои се вакцинираат децата во Македонија.

Ако Владата го прифати предлогот за поливалентни вакцини, тоа ќе ја чини за најмалку два милиона евра повеќе или околу 3,5 милиони евра.

Предлогот да се набават поливалентни вакцини беше актуелен уште пред три години. Во Комисијата за имунизација при Министерството за здравство сметаат дека од поливалентните вакцини ќе има големи придобивки и за децата и за родителите.

Комитетот за имунизација на Светската здравствена организација веќе испратил препорака и до Македонија да се воведат овие поливалентни вакцини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top