| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Отчетот е капиталот кој го оставаме зад нас

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ со коалцијата „За подобра Македонија“, денес го презентира отчетот за сработеното во изминативе три години 2011-2014.

Премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека граѓаните го вреднуваат трудот, работата, достоинството и одговорноста, но и дадениот збор на еден политичар.

– Одговорноста кај нас политичарите е најголема, излегување со очекувања пред граѓаните базирани на нашите програми со кои сме ветиле дека ќе се движиме напред, да работиме со цел граѓаните да може да се потпрат на нас и да видат дека има разлика во нашиот начин на на работа, во нашиот збор. Ние стоиме зад нашиот збор, зад секое едно ветување – нагласи Груевски.

Тој посочи дека во 2006-та како партија покажале нов стандард во политиката, со конкретни чекори, бидејќи, како што рече премиерот, програма е начинот на кој одговорна партија се однесува кон граѓаните.

-Како стандард го наметнавме отчетот пред граѓаните како прва политичка партија. Детално прецизно темелно и одговорно како што очекуваат и нашите граѓани. И не е случајно што граѓаните во континуитет ни ја даваат довербата, со нас се на проверено и нема импровизации, си стоиме на зборот и свесни сме за неговата тежина. Довербата ја добиваме затоа што граѓаните знаат да направат разлика, помеѓу вредни и посветени луѓе кои држат со ветувањата и политичари кои даваат лажни ветувања и ништо не исполнуваат – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски посочи дека денес го промовираат отчетот во кој има детали за сето сработено во изминативе три години.

-Овој отчет кој денес го споделуваме со вас содржи елаборација на 1376 проекти од кои 1009 се реализани, 329 се во тек на реализација заради фактор време, а  38 проекти не уапеавме да ги реалираме воопшто. Сето ова за нешто помалку од три години. Овој отчет е  капиталот кој го оставаме зад нас. Отчетот прави разлика од она што се нашите противици. Тој е капиталот со кој излегуваме во јавноста – дециден е Груевски.

Презентацијата на отчетот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е во тек во хотелот „Александар Палас“.

Фото: Република (Ѓорги Личовски)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top