| четврток, 6 декември 2018 |

Влијателни западни медиуми го откриваат резултатот од изборите во Македонија

Во својата анализа за состојбите во Македонија влијателниот британски весник „Економист“ објавува дека и по овие избори во Македонија нема да дојде до промена на политичката сцена.

 

Во воведот на анализата која што може да ја прочитаат само претплатници на „Економист“ се вели дека владеачката коалиција на ВМРО ДПМНЕ останува популарна и се очекува сигурно да остане на власт. За другите прашања Економист коментира дека долгогодишниот спор за името и односите со Бугарија остануваат главни предуслови за земјата да стане дел од НАТО и ЕУ. Меѓуетничките односи кои што повремено се на раб на насилство остануваат проблематични.

За економијата Економист очекува дека по позитивниот раст во 2013 година ќе дојде до робусен раст во периодот од 2014 до 2018 година.

Направените реформи треба да овозможат посилен раст на директни странски инвестиции, се вели во анализата на влијателниот британски весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top