Неколку инернет страници на НАТО беа мета на хакерски напади, но тоа немаше последици на операциите на воениот сојуз, рекла портпаролката на НАТО, пренесува Ројтерс.
Нападите, меѓу кои и на главната интернет страница, се направени, додека расте напнатоста поради Крим, на кој денеска се спроведува референдум. Портпаролката на НАТО рекла дека нападите немале оперативни последици и дека нивните експерти работат на враќање на работите во нормала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



