Туризмот, земјоделието, производствените дејности – посебно машинската иднустрија и енергетиката биле најинтересни за украинските стопанственици од Дњепропетровск. Таму се наоѓа владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески која ги презентираа можностите за правење бизнис во Македонија.
Дњепропетровск и Доњецк се двете најразвиени економии во Украина. За само десет месеци од минатата година, Дњепропетровск оствари трговски суфицит од три милијарди долари, што укажува на високата развиеност на овој регион во индустријата.
Како што соопшти Министерството за финансии, владината делeгација, во чиј состав се и министерот без ресор за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо денеска имаше средба и со губернаторот на Дњепропетровск и неговиот економски тим. На средбата украинските претставници искажале заинтересираност за потпишување меморандум за соработка меѓу Агенција за инвестиции на Украина и Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони на Македонија. Средбата е искористена и за покана на делегација со бизнисмени од Дњепропетровск за посета на Македонија за да ги видат можностите за соработка, трговија и инвестиции.
Според најавите од Министерството за финансии, утре вицепремиерот ќе оствари средба и со губернаторот на Доњецк и неговиот економски тим и ќе има презентација за економските потенцијали на Македонија пред инвеститори од Доњецк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Оваа година има три пати помалку капитални инвестиции споредено со лани
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија