По серијата порази, Атланта Хаукс се враќа на старите патеки со три победи по ред. Ноќеска Јастребите беа подобри од Денвер, совладувајќи ги со резултат 97-92. За последниот успех на Атланта најзаслужен е нашиот Перо Антиќ кој повторно имаше брилијанта партија и погоди неверојатна тројка на 41 секунда пред крајот во момент кога неговиот тим губеше 91-92.
Перо постигна вкупно 16 поени (3/8 за три поени, 3/4 за два поени и 1/2 од линијата за слободни) и беше трет стрелец во неговиот тим. Повторно беше стартер и на теренот мина 24 минути. Покрај 16-те поени Антиќ имаше и еден скок две астистенции и една украдена топка.
Најпрецизен во неговиот тим беше Пол Милсап кој имаше дабл-дабл учинок со 24 поени и 11 скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


