Во земјава денеска претпладне времето ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а попладне ќе има намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди.
Ќе дува умерен северозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 15 километри на час. Утринските температури се движат од 0 до 7 Целзиусови степени, а дневните температури ќе достигнат до 10, односно до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а попладне ќе има разведрување. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 15 Целзиусови степени.
Благо зголемување на температурата се очекува во понеделник, а веќе од вторник синоптичарите најавуваат температури коишто ќе достигнат до 25 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.