| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Македонија никогаш предходно не спровела три крупни проекти вредни стотици милиони евра

„Работите генерално се во добра насока, Македонија е меѓу земјите кои први излегуваат од кризата. За четвриот економскиот раст во Европа  придонесуваат и многу владини мерки во транспортот, патишта , градежништвото и други проекти“, изјави Груевски во интервјуто за Сител.

Дополнителен импулс треба да дадат и автопатите, Охрид –Кичево, Миладиновци – Штип, Демир Капија – Гевгелија крупни проекти кои што треба да ја подобрат вкупната економска слика, смета премиерот.

Во Македонија никогаш досега не биле изградени три крупни проекти вредни стотици милиони евра изјави Груевски во интервјуто.

Покрај тоа премиерот говореше и за инвестиците во железницата. Тој посочи дека се гради новата пруга од Куманово преку Бељаковце до бугарската граница, проект вреден 550 милиони евра , исто така се реконструира коридорот 10 со 17 милиони евра, купени се 150 товарни и патнички вагони кои што ќе пристигнат до крајот на годината.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top