| четврток, 6 декември 2018 |

Во нова инвестиција во Кичево ќе бидат вработени 997 луѓе

 

Очекуваме најмалку 20 нови компании кои што ќе инвестираат во Македонија оваа година изјави премиерот Груевски во интервју за вестите на ТВ Сител.

Меѓу нив се Макарт во Велес, Амфенол во Кочани, кои веќе вработуваат илјадници  граѓани. Груевски ја спомена и компанијата од Дубаи која почна со градба за откуп на дистрибутивен центар во Ресен каде се важни и вработувањата но според него поважно е дека за овој регион ќе биде дологорочно обезбеден откуп и извоз на јаболката на блискиот и средниот Исток.

Меѓу инвестициите е и Украинска компанија која добила три концесии од кои два ќе стартуваат во Валандово при што се планирани три рудници и две фабрики со стотици вфработувања. Дополнително оваа фирма ќе отвори и рудник во Нагоричане.

Груевски објави дека пред неколку дена бил информиран за уште една голема инвестиција во Кичево со нови 997 вработувања за производство на воздушни перничиња за автомобили.

Меѓу инвестициите се и британска компанија за производство на софтвер која на повеќе локации треба да вработи повеќе од 1000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top