| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Студентите се во право, целосно ќе се реновира студентскиот дом „Гоце Делчев“

gruev sitel

Премиерот Никола Груевски вечерва на гостувањето во Дневникот на телевизија „Сител“ изјави дека студентите во студентскиот дом Гоце Делчев се во право и дека постои постои пропуст со задоцнување на реконструкцијата и најави целосно реновирање на овој дом.

-Очигледно запоставено беше реновирањето на Гоце Делчев. Она што можам да го кажам е дека веќе на следната седница во вторник ќе предложам заклучок, се надевам владата тоа ќе го усвои, за итен почеток на правење на проект за реконструкција. Штом проектот заврши, ќе почне и самата реконструкција, се надевам ова лето – истакна премиерот.

Груевски потенцираше дека доста внимание било посветено на некои други студентски домови, како на на пример реконструкцијата на Стив Наумов и изградбата на нови објекти, во што се инвестираа околу 2 милиони евра, милион и пол евра за градба на нови објекти и 500 илјади евра за реконструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top