Македонските граѓани денеска го видоа првиот отчет подготвен од македонски претседател.
Без ниту една афера зад себе, Претседателот Иванов го привршува 5 годишниот мандат. Единствениот Претседател кој пред 5 години пред граѓаните излезе со своја програма, сега го нуди и отчетот за сработеното.
Силна и одговорна дипломатска активност изразена со повеќе од 200 официјални средби со други шефови на држави, конзистентни ставови по најважните наицонални прашања, силно залагање за заштита на човековите права.
Ова се само дел од точките кои Иванов ги потенцира во скоро 60 страници реализирани проекти и активности на чело на Државата.
Претседателот кој ја носи аурата на чесен и скромен политичар човек останува запаметен како еден од ретките политчари кои нема проблем да го крене гласот и во Обединетите нации кога станува збор за клучните национални прашања.
По пет години поминати на чело на државата, Иванов вели дека е горд што ја претставувал Република Македонија во светот како нзависна и суверена држава со сопствен идентитет, историја и достоинство
-Упорно работев на остварување на нашите праведни цели и стратегиски определби. Како држава, честопати се соочувавме со двојните стандарди кои ни се наметнуваат на нашиот европски и евроатлански пат, со предизвикот да се движиме по необележан пат, каде за нас не секогаш важеле правилата и принципите на меѓународното право. И во такви услови не ја губев од пред вид визијата за европска и еввроатланска Македонија, стои во отчетот на Претседателот Иванов.
Покрај надворешната политика, во отчетот на претседателот стојат и силните залагања за економски силна и развиена држава како и почитување на различностите меѓу македонските граѓани. Секогаш присутен меѓу граѓаните, Претсеадтелот важи за верен чувар на македонската традиција и голем пријател на младите.
Токму тоа се и причините поради кои Иванов од година во година има се поголем рејтинг меѓу граѓаните. Според анкетите над 60% имаат позитивно мислење за него а повеќе од две третини од граѓаните сметаат дека тој е чесен политичар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


