Руското Министерство за медиуми и комуникации соопшти дека регистрирале пречки во работата на руски телевизиски сателит и оти изворот на пречките е во територијата на западна Украина.
Надлежните руски служби откриле на украинска територија точна локација на изворот на пречки на работата на сателитот. Според Министерството, пречките на работата на релејниот сателит значат електронска војна против Русија и кршење на статуот на Меѓународната унија за телекомуникации.
Министерството предупредува дека украински вооружени цивили со закани забрануваат на украински и странски ТВ-компании да испраќаат видео материјали снимени од руски тв-репортери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


