| четврток, 6 декември 2018 |

Нинџа од два метри не промашува – судење за „Детонатор“

Да сум сакал да го убијам и да сум пукал од 2 метри далечина немаше да биде жив. Александар Василевски познат како Нинџа го негираше обвинението дека се обидел да го убие Драганчо Стоименов, клучен сведок во Детонатор пренесува Канал5 ТВ.

Критичната вечер на втори декември тврди дека не се видел со оштетениот Стојменов. Со сопругата биле на роденден кај пријателка во Сингелиќ. Тоа во своите сведочења го потврдија и неговата сопруга и домаќините.

Со дозвола поседувал и пиштол и пушка но таа вечер не ги носел. Стоименов го знаел 10 години но немале ниту недоразбирања ниту расправии.

Второобвинетиот Никола Митревски раскажа дека вечерта пред Бисер го сретнал Стоименов кој му се пофалил дека има снимки од тоа како го тепаат пријателот на Митревски. Потоа заедно се упатиле кон неговиот дом во близина на салата Јане Сандански за да ги избрише спорните снимки но пред зградата Митревски одбил да се качи. Стоименов извадил по пиштолот и тука настанал борба. Во турканицата го фатил шкрапалото и пиштолот испукал но според Митревски, Стоименов не бил повреден па и двајцата избегале на различни страни.

Митревски уверуваше дека неговиот пријател и кум Василевски вечерта не бил со него и како што рече не бил ни крив ни должен.

Сведочеше и таксистот кој во полициска станица од 5 понудени фотографии ги посочил двајцата обвинети како најслични со оние кои ги возел вечерта околу 10 и пол часот. Тврдеше – полицискиот записник за препознавање го потпишал но не го прочитал.

фото: Канал 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top