Фудбалскиот менаџер познат по неговите сензационални вести, Франсоа Гаљардо, за време на гостувањето на една шпанска телевизија изјави дека Лео Меси по завршувањето на оваа сезона ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во редовите на ПСЖ.
Гаљардо тврди дека Аргентинецот е разочаран од раководството на Барселона и дека веќе се сретнал со Насер Ал Калефи, сопственикот на ПСЖ, кој наводно му понудил годишна плата од неверојатни 30 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


