| четврток, 6 декември 2018 |

Трабзон казнети со 6 натпревари без публика

Фудбалскиот сојуз на Турција го казни Трабзон со шест натпревари без публика на домашен терен поради навивачките нереди за време на натпреварот против Фенербахче.

Натпреварот беше прекинат при водство на гостите со 1-0, откако навивачите на Трабзон ги гаѓаа играчите на Фенербахче со камења и метални шипки, а голманот Демирел го погодија со факел.

Trabzon-Fener-prekid

По прекинот на натпреварот, хулиганите влетаа на теренот, а нередите продолжиле и надвор од стадионот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top