| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца загинати при престрелка во Харков

Две лица загинаа, а две други се ранети минатата ноќ во Харков, при престрелка на локални жители и група припадници на украинската радикална десничарска организација „Десен сектор“, соопшти градоначалникот на овој град во источна
Украина, Генадиј Керенс.

Како што јави ИТАР-ТАСС, инцидентот се случил пред седиштето на „Десниот сектор“ во Харков, каде се собрале меѓу 40 и 50 припадници на движењето, вооружени со автоматски пушки.

Според непотврдени информации при престрелката биле користени и Молотови коктели. По престрелката, вооружените припадници на движењето се повлекле во седиштето на „Десниот сектор“, каде како заложници задржале три лица – еден полицаец и двајца чувари на зградата.

Полицијата веднаш ја блокирала загрдата и по куси преговори, припадниците на движењето ослободиле еден од чуварите. Заложничка криза траела неколку часа, по што полицијата успеала да ги ослободи заложниците и според шефот на подрачната единициа на Министерството за внатрешни работи, Анатолиј Дмитриев, уапсила „околу 30 лица“.

Дмитриев информира дека уапсените немаат документи за лична идентификација и дека се работи на утврдување на ниовните идентитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top