| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата во Мелбурн

Британецот Луис Хамилтон со пол позицијата ќе ја започне 65-та сезона во Формула 1, на патеката Алберт Парк во Мелбурн,  Хамилтон до пол позицијата во Мелбурн, стигна со најбрзиот круг од 1:44.231 минути, извозен во финишот на квалификациите.

Зад него се Даниел Рикардо од Ред Бул и клупскиот колега од Мерцедес Нико Розберг.

Домашниот натпрпреварувач Даниел Рикардо имаше одлични квалификации во своето деби за Ред Бул, тој со три десетинки послабо време го освои второто место и трката ќе ја започне веднаш до Хамилтон.

Фернандо Алонсо и Жан Ерик Верњ од Торо Росо ќе стартуваат како петти и шестти, а зад нив се Нико Хилкенберг кој сезонава се врати во Форс Индија и уште еден дебитант Данил Квајт од Торо Росо.

Актуелниот светски првак, Себастијан Фетел, трката во Мелбурн ќе ја започне до 13-та позиција. Пред Фетел ќе стартуваат поранешните светски шампиони Кими Раиконен и Џенсон Батон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top