Барселона игра моќно во Топ-16 фазата од Евролигата и вечерва ја забележа десеттата победа, откако славеше на домашен терен со 70-58 против Олимпијакос.
Каталонците се единствениот непоразен тим во оваа фаза, а до нов триумф ги предводеше Анте Томиќ со дабл-дабл учинок од 14 поени и 11 скока. Резервата Бред Олесон беше поефикасен за еден поен, а Барселона и Хуан Карлос Наваро рушеа и рекорди.
Тимот од Каталонија има 22 победи едноподруго во Топ-16 фазата и 30 триумфи во истата фаза во низа на домашен терен. И двете остварувања се рекордни за Евролигата.
Наваро настапи вечерва по 253. пат во најквалитетното европско клупско натпреварување, што е најдобар биланс во Евролигата. Популарниот Ла Бомба го престигна Тео Папалукас, кој присуствуваше на вечерашниот меч во Барселона.
Резултати од денешните мечеви: Барселона – Олимпијакос 70-58, Локомотив Кубањ – Галатасарај 66-67, Анадолу Ефес – Панатинаикос 60-65 (по продолженија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


