| четврток, 6 декември 2018 |

Воздржете се од провокации, апелира Бан Ки-мун

Munich Security CenferenceГенералниот секретар на ОН Бан Ки-мун непосредно пред референдумот на Крим, ги повика сите страни да се воздржат од провокации и избрзани одлуки.

Бан истакна дека ситуацијата во Украина ја доведе меѓународната заедница до крстопат и предупреди дека постои опасност случувањата да ескалираат до загрижувачко ниво.

Повикувајќи ги сите страни да се воздржат од провокации и избрзани чекори во следните денови, Бан нагласи дека патот за мирно решение на ситуацијата се уште е отворен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top