| четврток, 6 декември 2018 |

Директор на „Македонска пошта“ две години в затвор за пожарот

pozar-posta01Основен суд Скопје 1 му досуди две годишна затворска казна на шефот на на кабинетот на директорот на АД „Македонска пошта“, Арменд Фазлиу кој беше обвинет за тешко кривично дело против општата сигурност, односно за пожарот кој лани изби во оваа државна компанија.

Генералниот директор Рафиз Алити на „Пошта“, вујко на обвинетиот, се откажа од кривичниот прогон и од материјални побарувања од Фазлиу. Штетата од 100.000 евра, како што истакна Алити, ќе ја покрие осигурителната компанија „Кроациа осигурување“, со што ќе се откаже од делот од премијата. Наспроти ова тврдење, неодамна ревизорите открија дека  Осигурителната компанија не ја исплатила штетата, а постои можност таа воопшто да не биде исплатена бидејќи објектот не бил навремено осигуран, туку подоцна била склучена полиса со ретроактивно дејство.

Во оваа сума, на име шета, не е влезено уништувањето на муралот на сликарот Борко Лазески, чија вредност треба дополнително да се утврди. Освен муралот во пожарот, целосно изгоре инвентарот во фоајето, покривот и канцелариите на вториот кат од зградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top