Михаил Горбачов смета дека Крим би можел да го донесе светот до нова Студена војна.
– Најважно е да се прекина опасната ескалација, да се изнајде решение кои ќе ги задоволи граѓаните на Украина и Русија и да се спречи нова Студена војна- посочува поранешниот претседател на Советскиот Сојуз Горбачов во писмото објавено во „Комсомолскаја правда“.
Добитникот на Нобеловата награда за мир со тоа одговара на апелот на Виталиј Третјаков, новински издавач од времето на Перестројката, да побара од германската канцеларка Ангела Меркел да „не се меша во мирното обединување на Крим и Севастопољ со Русија“.
Горбачов наведува и дека не сака да се меша во случувањата во Украина. Тој го советува Третјаков „да размисли за правата причина за сегашните случувања“.
– Јас мислам дека ослабнувањето на Перестројката доведе до бесмислениот распад на Советскиот Сојуз во 1991 година- истакнува Горбачов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.