Крим може да биде примен во составот на Руската федерација како субјект на федерацијата уште следната седмица, порача од Симферопол кримскиот премиер Сергеј Аксјонов. Доколку жителите во недела гласаат за присоединување со Русија, тој вели дека процесот ќе одземе максимум една година.
– Што се однесува до усвојувањето на нормативниот акт, тоа ќе се случи следната седмица- изјави Аксјонов.
– Сметам дека рокот на преодниот процес ќе биде најмногу до една година. Нема да имаме независност, но јас сметам дека Крим треба да влезе во Русија како субјект на федерацијата. Рокот на преодниот период ќе биде околу една година, по што ќе можеме да ги искориситите сите поволности на членството во Руската федерација, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.