| четврток, 6 декември 2018 |

Минчо Јорданов тврди дека бил уценуван со гнасни лаги за жена му и ќерка му

minco-jardanov

Македонскиот бизнисмен Минчо Јорданов на денешното судење на кое се појави во својство на сведок за случајот „Шпион“ јавно обелодени дека добивал закани и уцени од обвинетите.

Јорданов тврдеше дека добивал закани дека ќе биде објавено дека неговата жена е замешана во трговија со органи, а ќерка му во трговија со кокаин и дека му барале милионски суми за заканите да престанат, но не истакна кој му ги праќал заканувачките пораки.

Тој се сомнева дека зад нив стои обвинетиот Миќо Насковски, поранешен директор на фирмата АД Бетон, но и Зоран Божиновски.

-На Божиновски му давав задачи поврзани со бизнисот за кои требаше да му платам од 5 до 10 илјади евра. Контактите ги прекинавме кога тој почна да работи против мене. И Миќо почна да работи недомаќински во фирмата. Тоа фирмата ја чинеше 250 000 евра, па беше отстранет од Бетон. По ова почнаа да се појавуваат гнасни содржини на порталот на Божиновски кој го нарушија мојот углед’ – изјави Минчо Јорданов на судењето.

И бизнисменот Трифун Костовски и неговиот син Коста сведочеа пред судот дека биле индиректно уценувани, но Божиновски им барал средби за да не обелодени документи за наводни местенки околу спортски натпревари. Средбата не се остварила, оти како што кажаа Костовски, знаеле дека се чисти.

Според обвинителството, обвинетиот Насковски му дал на Маџовски 12.600 евра како надоместок да се ангажира и да најде начин Минчо Јорданов сериозно да ги сфати заканите и да му извлече голема сума пари, а тие за возврат ќе објават информации за наводна позитивна улога во приватизацијата и откупот на акциите во АД Бетон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top