| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за уште еден млад битолски дилер

СВР Битола поднесе кривична пријава за А.В. (25) од Битола за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Завчера, во 13.30 часот, на влез во Битола е запрено патничко возило „сузуки марути“ сопственост и управувано од А.В. и при извршен преглед од страна на полициски службеници на совозачкото седиште во црна јакна е пронајдена и одземена најлонска паковка, за која при првичните анализи е утврдено е дека се работи за 542 грама марихуана.

Од страна на судија на пријавениот му е определена мерка „притвор“ во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top