– До Управата за јавни приходи досега се поднесени 143.343 годишни даночни пријави од кои што 1.082 се поднесени по електронски пат – рече денеска портпаролката на УЈП, Весна Новаковиќ.
Таа нагласи дека очекуваат слични бројки како и минатата година, односно поднесување на околу 170.000 годишни даночни пријави за пријавување дополнителен приход.
Инаку рокот за поднесување ГДП е пролонгиран до понеделник 17 март, со оглед на тоа дека 15 март, кога е крајниот рок за поднесување на пријавите, паѓа во сабота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.