„Падна“ рекордната премија на лото вредна вредна фантастични 22.601.966,50 денари. Добитникот е член на многубројно среќно семејство, кој сакаше да остане анонимен.
– По насмевките на семејството, ние заклучивме дека добивката е во вистински раце, па веруваме дека добиената сум навистина ќе им помогне да си го ппроменат својот живот на подобро – велат од Државната лотарија на Македонија.
Среќниот играч е долгогодишен лото играч. Тој секогаш уплаќал бројки по сопствен избор, освен во последнава ситуација која му беше добитна. За прв пат уплатил 6 комбинации со квик пик- бројките му ги избрал комјутер. Уплатил 6 комбинации по 15 денари со вкупна уплата 90 денари , а токму првата била добитна, додека во останатите комбинации нема ниту една друга добивка.
Добитникот своето среќно ливче го уплатил во продажното место „Алберто А“ во скопски Чаир.
Според статистиките на Државна лотарија на Македонија ова досега е рекордна вредност на најпосакуваната премија, вредна над 365 илјади евра или фантастични 22.601.966,50 денари.
Премијата беше извлечена во 18. коло на Новолото, емитувано на први март на „Сител“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Освоил милиони и од шок си го заборавил сопственото име и презиме
-
Нов рекорд: Меси е најдобриот на сите времиња (видео)