| четврток, 6 декември 2018 |

Последната битка на Зоран Заев

И по­крај оби­дот на дел од го­вор­ни­ци­те да го про­ме­нат впе­ча­то­кот, те­шко бе­ше да се скри­јат нер­во­за­та и стра­вот кај опо­зи­ци­ја­та за вре­ме на кон­гре­сот на СДСМ во хо­те­лот „Але­ксан­дар па­лас“. Иа­ко ли­де­рот За­ев и кан­ди­да­тот Пен­да­ров­ски се оби­доа да вне­сат енер­ги­ја и си­ла во сво­и­те го­во­ри, во го­ле­ма­та све­че­на са­ла во хо­те­лот не мо­же­ше да се скријат чув­ство­то на не­из­вес­ност и стравот од ре­зул­та­ти­те на прет­стој­ни­те пре­тсе­да­тел­ски и пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри

Tema79-1

При­чи­на­та за стра­вот кај го­лем дел од опо­зи­ци­ски­те акти­ви­сти се ба­зи­ра­ на не­о­фи­ци­јал­ни­те и на офи­ци­јал­ни­те реј­тин­зи што кру­жат низ јав­ни­от про­стор, но, пред сѐ, и на не­до­сти­гот од енер­ги­ја во опо­зи­ци­ски­от кам­пус.

Ед­на од шо­кант­ни­те ин­фор­ма­ции од кон­гре­сот на СДСМ е не­при­сус­тво­то на пре­ку 100 де­ле­га­ти, кои тре­ба­ше да при­сус­тву­ва­ат при гла­са­ње­то за Пен­да­ров­ски. На­ви­сти­на е чуд­но да не дој­дат си­те де­ле­га­ти, но и си­те ви­стин­ски сим­па­ти­зе­ри на пар­ти­ја­та, на на­ста­нот што мо­же да би­де пре­сврт­на точ­ка за нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска си­ла во Ма­ке­до­ни­ја. Да­ли и тие чув­ству­ва­ат де­ка реј­тин­гот не им е нак­ло­нет и де­ка пар­ти­ја­та се со­о­чу­ва со уште еден те­жок по­раз во ни­за или се не­за­до­вол­ни од на­чи­нот на кој се из­би­ра­ше кан­ди­да­тот за пре­тсе­да­тел, не­ма да оста­не не­раз­јас­не­то. При рас­чи­сту­ва­ње на сме­тки­те и ба­ра­ње­то од­го­вор­ност по из­бо­ри­те, ќе мо­ра да би­де да­ден од­го­вор и на ова пра­ша­ње.

Со­стој­ба­та е нај­комп­ли­ку­ва­на за Зо­ран За­ев. Стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник по де­вет ме­се­ци од из­бо­рот за пре­тсе­да­тел вле­гу­ва во се­ри­оз­на би­тка по ко­ја, мо­же­би, ќе мо­ра да се по­све­ти са­мо на во­де­ње­то на род­ни­от град. При­каз­ни­те што кру­жат во по­ли­тич­ки­те ку­ло­а­ри, спо­ред кои За­ев не вле­гу­ва на из­бо­ри­те со им­пе­ра­тив да по­бе­ди, ту­ку са­мо да се ос­ло­бо­ди од при­вр­за­ни­ци­те на Цр­вен­ков­ски, во пра­те­нич­ка­та гру­па ве­ќе не се акту­ел­ни, ни­ту важ­ни. Се­ка­ков по­раз на За­ев ќе зна­чи те­мел­но пре­ис­пи­ту­ва­ње на не­го­во­то вли­ја­ние на ре­зул­та­тот од из­бо­ри­те, осо­бе­но на пос­ле­ди­ци­те од не­го­ви­те идеи, по­ли­ти­ка и га­фо­ви. Иа­ко во СДСМ офи­ци­јал­но не­ма фрак­ции и кри­ла, јав­на тај­на е де­ка во су­ди­рот ме­ѓу „про­вин­ци­јал­но­то кри­ло“ , „скоп­ско­то кри­ло“ и „ста­ро­то кри­ло бли­ско до Цр­вен­ков­ски“, нај­го­ле­ма опас­но­ста да на­стра­да има ток­му ли­де­рот на пар­ти­ја­та.

А, реј­тин­зи­те, ба­рем тие до кои дој­де „Ре­пуб­ли­ка“, се не­у­мо­ли­ви. СДСМ не мо­же да ани­ми­ра по­ве­ќе од 280 ил­ја­ди гла­са­чи на овие из­бо­ри. Ду­ри и ако ус­пее да при­до­бие до­пол­ни­тел­ни пе­де­се­ти­на ил­ја­ди гра­ѓа­ни од не­о­пре­де­ле­ни­те, се­пак тоа е пре­ма­ла број­ка за ус­пех про­тив ВМРО – ДПМНЕ, ко­ја пред ре­чи­си ед­на го­ди­на ус­пеа да со­бе­ре не­о­че­ку­ва­ни по­ло­ви­на ми­ли­он гла­со­ви на ло­кал­ни­те из­бо­ри. Ана­ли­ти­ча­ри­те и ста­ти­сти­ча­ри­те не мо­жат да нај­дат ед­на при­чи­на што би мо­же­ла да вли­јае на дра­ма­тич­на про­ме­на на ста­вот кај овие лу­ѓе.

За раз­ли­ка од СДСМ и од Пен­да­ров­ски, кои сво­ја­та ба­за на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри мо­жат да ја зго­ле­мат со гла­са­чи­те од ДУИ, кои, се­пак, не мо­жат да го про­ме­нат од­но­сот на си­ли­те, За­ев не мо­же да се на­де­ва на под­др­шка од Ах­ме­ти. За раз­ли­ка од пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри, кои се не­важ­ни за ДУИ, и од ло­кал­ни­те из­бо­ри, ко­га во Ку­ма­но­во гра­до­на­чал­ни­кот на СДСМ бе­ше из­бран со ал­бан­ски гла­со­ви, на пар­ла­мен­тар­но­то из­јас­ну­ва­ње нај­го­ле­ма­та ал­бан­ска пар­ти­ја во се­кој слу­чај ќе гла­са за се­бе.

До­пол­ни­тел­на опас­ност на сре­ден и на долг рок за со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те прет­ста­ву­ва и ани­мо­зи­те­тот кај го­лем дел од ма­ке­дон­ски­те гла­са­чи до­кол­ку ста­не јас­но де­ка, во обид да се вра­тат на власт, влег­ле во из­бор­ни до­го­во­ри за ал­бан­ски­те гла­со­ви. Во тој слу­чај, опо­зи­ци­ја­та мо­же­би ќе ус­пее да се приб­ли­жи до ВМРО-ДПМНЕ, но дол­го­роч­но ќе мо­ра да нај­де на­чин за да об­јас­ни зо­што „шу­ру­ва­ла“ со ДУИ во исто вре­ме ко­га Гру­ев­ски се оби­ду­ва со осво­ју­ва­ње 62 пра­те­ни­ци да ги од­бие уце­ни­те за зго­ле­ме­на упо­тре­ба на ал­бан­ски­от ја­зик и дру­ги ба­ра­ња што не се дел од Рам­ков­ни­от до­го­вор. При­тоа не тре­ба да по­стои сом­неж де­ка до­кол­ку се слу­чи не­фор­мал­на ко­а­ли­ци­ја ме­ѓу СДСМ и ДУИ, Гру­ев­ски и не­го­ви­от мар­ке­тин­шки тим ќе зна­ат до­бро да го иско­ри­стат тоа во јав­но­ста.

За раз­ли­ка од Пен­да­ров­ски, кој прв­пат се со­о­чу­ва со гла­сот на на­ро­дот, овие из­бо­ри не мо­ра да би­дат крај на не­го­ва­та по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра. Се­кој глас по­ве­ќе од тие што ги освои Љу­бо­мир Фрч­ков­ски во 2009 го­ди­на ќе би­дат ка­пи­тал кој му га­ран­ти­ра по­ли­тич­ка ид­ни­на во ре­до­ви­те на опо­зи­ци­ја­та. Ако, пак, тој освои по­ве­ќе гла­со­ви од тие што пар­ти­ја­та ги освои на пос­лед­ни­те ло­кал­ни из­бо­ри, то­гаш се отво­ра­ат но­ви оп­ции, во кои го­лем дел од членс­тво­то ток­му не­го го гле­да за ли­дер на опо­зи­ци­ја­та.

 

Tema79-2

Пен­да­ров­ски вед­наш на­пад­на

Со­вет­ни­кот мо­ра да вле­зе во ро­вов­ска би­тка ако са­ка по­бе­да

Пен­да­ров­ски не гу­бе­ше вре­ме и уште во са­ми­от го­вор отка­ко бе­ше из­бран за кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел на СДСМ го на­пад­на акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел. Не­во­о­би­ча­е­но, ду­ри и не­при­род­но за про­фе­со­рот Пен­да­ров­ски кој ни­ко­гаш прет­ход­но не вле­гол во ду­ел со друг по­ли­ти­чар или јав­на лич­ност, ди­рект­но го на­вре­ди пре­тсе­да­те­лот Ива­нов из­ја­ву­вај­ќи де­ка Ма­ке­до­ни­ја во пос­лед­ни­те пет го­ди­ни не­ма­ла пре­тсе­да­тел. Ка­би­не­тот на пре­тсе­да­те­лот до за­тво­ра­ње на овој број на „Ре­пуб­ли­ка“ не ре­а­ги­ра­ше на на­вред­ли­ви­те збо­ро­ви на Пен­да­ров­ски, кој об­ви­ни де­ка Ива­нов ја де­гра­ди­рал пре­тсе­да­тел­ка­та функ­ци­ја и де­ка е вла­дин служ­бе­ник што ги ами­ну­ва од­лу­ки­те на Со­бра­ни­е­то и на Вла­да­та. Со тоа Пен­да­ров­ски ди­рект­но ја фр­ли ра­ка­ви­ца­та за ин­тен­зив­на јав­на би­тка со акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел, кој, без раз­ли­ка да­ли ќе учес­тву­ва во ди­рект­на де­ба­та, не­ма да му оста­не дол­жен за остри­те збо­ро­ви. Во таа прес­ме­тка, ка­ко што се слу­чу­ва од 2011 го­ди­на на­ва­му ко­га си­те по­ли­тич­ки фа­кто­ри пре­мол­че­но се сог­ла­си­ја на би­тка на гра­ни­ца­та на фер игра, мо­же да се оче­ку­ва­ат мно­гу ни­ски уда­ри на кои, се­пак, Ива­нов е мно­гу по­от­по­рен за­тоа што во пос­лед­ни­те пет го­ди­ни че­сто бе­ше цел на та­кви на­па­ди.

За мно­гу­ми­на оста­ну­ва ениг­ма на што го те­ме­ли Пен­да­ров­ски сво­јот оп­ти­ми­зам за по­бе­да про­тив че­ти­ри го­ди­ни по­и­скус­ни­от про­тив­ник . Кои се тај­ни­те оруж­ја што тре­ба да го пре­мо­стат не са­мо сла­би­от реј­тинг на пар­ти­ја­та што го но­ми­ни­ра за пре­тсе­да­тел, ту­ку и не­го­ви­от ли­чен реј­тинг во ру­рал­ни­те сре­ди­ни. За раз­ли­ка од ин­те­ле­кту­ал­но­то ја­дро, кое со вни­ма­ние ги сле­ди де­ба­ти­те во кои учес­тву­вал Пен­да­ров­ски, нај­го­лем број од обич­ни­те гра­ѓа­ни не зна­ат кој е не­го­ви­от кон­цепт. Со ог­лед на рас­по­ре­дот на си­ли­те во ме­ди­у­ми­те, те­шко е да се оче­ку­ва де­ка Пен­да­ров­ски за вре­ме на кам­па­ња­та ќе мо­же да вле­зе во гла­ви­те на тие што по­ве­ќе се ан­га­жи­ра­ни со проб­ле­ми­те на Ше­хе­ре­зад и на Су­леј­ман откол­ку со дип­ло­ма­ти­ја­та, еко­но­ми­ја­та или од­бра­на­та.

Од тој ас­пект, ин­те­рес­но е да се ви­ди ка­ко СДСМ и Пен­да­ров­ски ќе на­ста­пат во кам­па­ња­та. Што е тоа што да­ва на­деж на пре­диз­ви­ку­ва­чот осо­бе­но ако се знае де­ка оп­шти­те фрази за по­до­бар жи­вот и до­сто­инс­тво не ми­ну­ва­ат ве­ќе кај обич­ни­те гра­ѓа­ни ако за нив не­ма кон­кре­тен план со кон­крет­ни мер­ки. Уште по­ло­шо за не­го е што мал­ку­ми­на ве­ру­ва­ат де­ка Ива­нов не са­ка да ја ви­ди Ма­ке­до­ни­ја бо­га­та и среќ­на ка­ко што тоа го ба­ра Пен­да­ров­ски. И на крај, Пен­да­ров­ски, по­крај со сво­јот кон­ку­рент, ќе се со­о­чи со по­ве­ќе од 73 про­цен­ти од ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни што сме­та­ат де­ка акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел е че­сен чо­век и по пет го­ди­ни по­ми­на­ти во пре­тсе­да­тел­ска­та фо­тел­ја, ка­пи­тал кој во по­ли­тич­ка­та ре­ал­ност мо­же да се тре­ти­ра ка­ко су­во зла­то.

 

Ива­нов – Пен­да­ров­ски – спо­ред­ба

Еки­па­та на „Ре­пуб­ли­ка“ се оби­де да на­пра­ви кра­тка ком­па­ра­тив­на ана­ли­за на од­но­сот на си­ли­те ме­ѓу пре­тсе­да­те­лот Ива­нов и пре­диз­ви­ку­ва­чот Пен­да­ров­ски, она­ка ка­ко што ги пер­ци­пи­ра­ат обич­ни­те гра­ѓа­ни, кои на кра­јот ќе го да­дат ман­да­тот на ед­ни­от од нив.

Gjorge-Ivanov-300Ѓор­ге Ива­нов

– На­ро­ден чо­век
– Поз­на­вач на исто­ри­ја­та и на на­у­ка­та
– Акти­вен во нев­ла­ди­ни­от се­ктор
– Се за­ла­га за тра­ди­ци­о­нал­ни вред­но­сти, акти­вен во ре­ша­ва­ње на цр­ков­ни­от спор
– Про­а­кти­вен оп­ти­мист (Ма­ке­до­ни­ја ќе оп­ста­не и со грч­ка­та бло­ка­да)
– Отво­ре­ност кон си­те од кои мо­же да има дип­ло­мат­ска ко­рист
– Ру­си­ја мо­же да би­де еден од стра­те­ги­ски­те парт­не­ри
– Еко­ном­ска­та ком­по­нен­та е дел од дип­ло­ма­ти­ја­та
– Име­то и иден­ти­те­тот не се пред­мет на пре­го­во­ри
– Пар­ла­мен­тот е ме­сто за ди­ја­лог
– Иде­а­лист и по­бор­ник за ме­ѓу­на­род­но пра­во

Stevo-Pendarovski-300Сте­во Пен­да­ров­ски

– Ка­би­нет­ски играч
– Ко­мен­ти­ра са­мо акту­ел­ни те­ми
– Не бил дел од гра­ѓан­ска ини­ци­ја­ти­ва
– Се­ку­ла­рен ур­бан ели­тист
– Ана­ли­ти­чен де­фе­тист (ако РМ не е дел од ЕУ и од НА­ТО, ќе про­пад­не)
– Про­за­пад­ни ин­те­ре­си ка­ко единс­твен при­о­ри­тет на РМ
– Сом­не­жи за поб­ли­ски од­но­си со Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја
– Дип­ло­ма­ти­ја од ста­ра шко­ла
– Вле­зот во ЕУ и во НА­ТО единс­твен при­о­ри­тет
– Ли­дер­ски сред­би нај­до­бар ме­ха­ни­зам за криз­ни си­ту­а­ции
– Праг­ма­ти­чар

 

(Пишува: Горан Момироски
Текст објавен во 79. број на неделникот „Република“, 7.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top