Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска ќе ја посети локацијата каде што се во тек активности за реализација на проектот за рехабилитација на мостови на патниот правец Велес – Скопје на Коридор 10.
Се спроведуваат активности предвидени со третата фаза од проектот што почна во ноември лани. Се очекува до септември следната година да бидат подобрени 13 мостовски конструкции по трасата на делницата Велес – Катланово на Коридор 10, во вредност од околу 8,6 милиони евра.
Претходно, со реализација на првата и втората фаза беа реконструирани 51 мостовска конструкција со вкупна должина од 4.090 метри, за кои инвестицијата изнесуваше 22.500.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.