Невнимателно приклучување од спореден пат на возач на комби е причина за огромната трагедија во која на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово животот го загуби Петар Милошевски, директор на репрезентацијата на Македонија.
Со возилото, во кое биле Милошевски и уште двајца вработени во ФФМ, управувал претседателот на македонската фудбалска федерација, Илчо Ѓорѓиоски.
Тој и двајцата сопатници минале со полесни повреди, а, за жал, поранешниот наш репрезентативец и голман на Пелистер, Вардар, Трабзонспор, Малатија и Енозис го загуби животот.
Во сообраќајката со трагични последици е повредено и лицето Ж.Б. од кумановското село Малетино, кое го управувало комбито што се судрило со „пежото“ во кое биле Милошевски, Ѓорѓиоски и уште две лица вработени во ФФМ.
Од пред две години, 40-годишниот Милошевски ја извршуваше фукцијата спортски директор на македонската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.