Перо Антиќ постигна 8 поени за 26 минути игра против Милвоки бакс, а неговиот тим Атланта хоукс победи повторно. Со 102-97 „јастребите“ славеа за задржување на осмата позиција во источната конференција, последна што води во плејофот.
Антиќ забележи и 7 скока, убедливо најмногу кај Атланта, состав што по пауза од еден и пол месец врза две победи по ред.
Бакс пружија сериозен отпор и одлично се држеа до самиот финиш кога Кајл Корвер се разигра и ги разреши дилемите во врска со победникот. Интересно, кај домашниот тим сите пет стартери погодија најмалку по една тројка (Антиќ една), а вкупно имаа извонредни 45 проценти прецизност во ударот за три поени (13/29).
Резултати: Атланта – Милвоки 102-97, Чикаго – Хјустон 111-87, Оклахома – Лос Анџелес лејкерс 131-102.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.