| четврток, 6 декември 2018 |

Цукерберг му се пожалил на Обама за шпионирањето во САД

mark-cukerberg

Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг, изјави дека го изразил своето незадоволство за шпионирањето во САД кај претседателот Барак Обама. Тој на својот блог напишал дека амемриканската влада треба да биде прва, кога станува збор за интернетот, а не да претставува закана за него.

Овие коментари на Цукерберг доаѓаат еден ден по извештајот во кој се вели дека Агенцијата за национална сигурност (НСА) го имитирала серверот на „Фејсбук“, за да има надзор врз оваа социјална мрежа. Од НСА ја негираа веста, пренесува „Би-Би-Си“.

Но, Цукерберг смета дека САД веќе ги „помешале лончињата“ со шпионирање на интернет и додаде дека ќе биде потребно време за целосна реформа во тој поглед.

– Кога нашите инженери работат на подобрување на сигурноста, работиме на тоа да ве заштитите од криминалците, а не можевме ни да помислиме дека треба да ве штитиме од нашата влада – им напиша Цукерберг на корисниците на „Фејсбук“.

Портпаролката на Белата куќа потврди дека претседателот Обама разговарал со Цукерберг во врска со извештаите за активностите на НСА.

– Интернетот е моќен и затоа мора да биде заштитетн – напиша Цукерберг на својот блог.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top