| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на фудбалската репрезентација, Петар Милошевски, загина во сообраќајка

petar milosevski

Голема трагедија се случи синоќа на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, во која животот го загуби директорот на македонската фудбалска репрезентација, Петар Милошевски. Во несреќата бил повреден  и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиoски.

Според МВР, несреќата се случила ноќеска околу полноќ. Повредените прво биле пренесени во кумановската болница, а потоа биле префрлени во Скопје. Причините за несреќата сѐ уште не се познати. Првично, возилото во кое се превезувале Милошевски и Ѓорѓиoски, марка „пежо 508“ се судрило со друго возило.

Повеќе информации и детали во врска со овој немил настан се очекуваат во текот на денешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top