| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со победа над Лихтенштајн го почна равојниот турнир на УЕФА

makedonija u16

Македонската репрезентација до 16 години со победа против Лихтенштајн го започна развојниот турнир на УЕФА кој се организира во Скопје.

Младите фудбалери предводени од Горан Станиќ со 2-1 славеа на натпреварот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Агон Елези во 10. минута и Џемал Ибиши во 50. минута беа стрелци на головите за македонската репрезентација. Во втората минута од второто полувреме Лукас Грабер го постигна погодокот за гостинската репрезентација.

Македонија до 16 години доминираше, посебно во првото полувреме во кое Елези го постигна водечкиот гол. Шанса за удвојување на предноста имаше Кире Трпчевски, но не ја искористи сто процентната шанса. Во продолжението Лихтенштајн успеа да постигне израмнувачки погодок, но само три минути подоцна избраниците на Станиќ со одличниот гол на Ибиши ја вратија резултатската предност за победа на натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top