Дваесет и двегодишно момче загина во крвавите судири што синоќа избија во украинскиот град Донецк меѓу проруските и проукраинските демонстранти.
Според „Ројтерс“, момчето било прободено со нож во грбот и починало на самото место. Петнаесетина други се пренесени во болница. Организаторите на проевропскиот протест, со кој се осудува заземањето на Крим, рекле дека убиеното момче било од нивната група.
Ова се најжестоките насилства по минатомесечните крвави судири за време на демонстрациите против претседателот Виктор Јанукович. Донецк е најважниот град во украинската индустриска област Донбас во близина на границата со Русија. Украинските власти ја обвинија Русија дека поддржува групи во регионот кои ја сакаат руската власт и дека Москва испраќа милитанти преку границата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.