| четврток, 6 декември 2018 |

Турчинов: Рускaта војска подготвена за инвазија

krim1

Вршителот на должност претседател на Украина, Александар Турчинов изјави денеска дека на руска страна на границата се натрупани сили на руската војска „подготвени за инвазија“, но и нагласи дека верува оти напорите на меѓународната заедница би можеле да резултираат со прекин на, како што кажа, агресија на официјална Москва и отстранување на ризикот од војна.

Турчинов во изјава за локална телевизија истакна дека, кога руските сили минатата седмица ја презеле контролата врз полуостровот Крим, други единици на руската војска почнале да се натрупуваат на украинската источна граница, „подготвени во кое било време да извршат инвазија на територијата на Украина“.

– Правиме се што е во наша моќ да избегнеме војна, било на Крим или во кој било друг дел на Украина – истакна Турчинов и додаде дека украинските оружени сили се во состојба на целосна борбена готовност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top