| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб поблиску до четвртфиналето

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб одигра фантастичен натпревар за својот тим Фенербахче во рамките од топ16 фазата по групи во кошаркарската Евролига. Фенербахче го победи тимот на Уникаха Малага потешко од очекувањата со 69-67.
По минатонеделниот катастрофален пораз од Барселона тимот на Жељко Обрадовиќ повторно мораше да ги одмери силите со шпански тим. Фенребахче губеше со шест поени разлика во пресрет на последната четвртина, но преводени од Мекејлеб успеа да направи целосен пресврт и да го победи натпреварот. Со оваа победа турскиот тим се израмни на третото место на табелата со денешниот противник. Зад Фенребахче се грчките гиганти Олимпијакос и Панатенаикос со победа помалку но и натпревар помалку.
Бо денеска беше најефикасен кај својот тим заедно со Бјелица кои постигнаа по 13 коша. Мекејлеб додаде и по две асистенции и два скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top