Едно лице е убиено денеска, а неколку се повредени во судири меѓу проруски и проукраински демонстранти во источниот украински град Доњецк, соопштија локалните здравствени власти.
Тоа е првиот смртен случај за време на протести во Украина, надвор од престолнината Киев.
Судирите избиле кога проруски демонстранти го пробиле полицискиот кордон кој ги опкружил учесниците во митингот кои се залагаат за интегритет на Украина.
Според „Раша тудеј“, за време на судирите користени се димни бомби. Засега не е јасно како лицето го загубило животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.