| четврток, 6 декември 2018 |

Регистриран слаб сигнал кај малезискиот авион

boeing-777-malaysia-700x352

Комуникациски сателити регистрирале слаби електронски сигнали од авионот Боинг 777, кој исчезна од радарските екрани минатата сабота, но не се доволни за да се утврди локацијата на авионот и неговата техничка состојба, јавува Ројтерс
Според тој извор, сигналите доаѓале од системот за одржување на дефекти кој бил подготвен да комуницира со сателити во случај на потреба, но врската не можела да биде воспоставена, бидејќи „Малезија Ерлајнс и други не биле претплатени на комплетен сервис за решавање на проблемите“.
Последниот контакт со контролата на летот авионот ја имал кога се наоѓал на 120 наутички милји од брегот на малезискиот град Кота Бару

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top