Продажбата на влезниците за концертот на „RnB” дивата Биојонсе, кој ќе се одржи на 15 април во Комбанк арената и кој воедно е и првиот концерт од нејзината светска турнеја „The Mrs. Carter Show”, ги надмина сите очекувања на промотерите, а ако продолжи ова темпо, влезниците ќе бидат распродадени за многу брзо време.
„Ова е прв пат еден странски изведувач кај нас да предизвика толкаво интересирање и да ги собори сите забележани рекорди за продажба на влезниците. Заради згуснатиот распоред на турнејата, не се очекува закажување и на втор концерт”, соопштија организаторите.
Влезниците по цена од 2,700 и 5,900 динари отсега се достапни на сите продажни места на „CS Eventima” во Србија и во странство.
Извор: Нетпрес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.