Првите шест американски воени авиони „Ф-16“, од вкупно 12 колку што САД планираат да распоредат до крајот на неделава во Полска, денеска слетаа во воената база Луск, во централниот дел на Полска.
Акцијата е одговор на Вашингтон на барањето од Варшава, која поради развојот на ситуацијата во Украина, побара да бидат распоредени единици на американските воздухопловни сили во Полска.
САД во Полска ќе распоредат 12 авиони „Ф-16“, транспортни авиони и 300 војници.
Американскиот транспортен авион „Херкулес“ синоќа слета во базата Луск, каде стигнаа американските војници и воени материјали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.