| четврток, 6 декември 2018 |

Американците тврдат: имаме нови информации за исчезнатиот авион

avion-35-

Анонимни извори на агенцијата Ројтерс тврдат дека еден сателит по исчезнувањето на Боингот 777 на Малезија Ерлајнс фатил слаб сигнал од моторот на леталото.

Не е соопштено колку време минало од исчезнувањето на авионот до испраќањето на сигналот, но информацијата оди во прилог на извештајот на Вол Стрит Журнал според кој од моторите на на леталото биле испраќани електрични импулси четири часа по исчезнувањето од радарите.

Информациите на Вол Стрит Журнал ги демантираше малезискиот министер за сообраќај кој тврди дека со него се согласуваат и луѓето од Ролс Ројс кои ги изработиле моторите на авионот.

Во попаладневните часови Белата Куќа соопшти дека Американците имале некои нови, но недоречени информации поради кои ќе го пребаруваат Индискиот океан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top