Привршува изградбата на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле. Новиот објект почнува да го добива финалниот изглед. Оваа детска болница почна да се гради од темел есента 2012. Денеска веќе се уредува внатрешноста. Работниците ги лепат плочките, се мести електричната инсталација. Од септември најмладите пациенти овде ќе добиваат врвна нега, информира телевизија Сител.
Инвестицијата во градбата чини над 8 милиони евра. Додека течат градежните зафати тим лекари кои ќе работат во болницата се на доусовршување во странство.
Освен болницата во Козле паралелно се изведуваат градежни работи и на најкрупниот проект во здравството изградбата на новиот Клинички центар Мајка Тереза. Темелите треба да бидат удрени на почетокот на април. Комплексот со опремата ќе чини 112 милиони евра.
Капитален проект во здравството годинава е и изградбата на Клиничката болница во Штип која ќе чини 34 милиони евра. Бенефит ќе имаат над 200.000 жители од Истокот на Македонија.
Во пол ек е изградбата и на ПЕТ Центарот во Скопје, вреден 12 милиони евра. Во него рано ќе се откриваат онколошки и други заболувања.
За годинава предвидена е реконструкција и на болниците ГОБ „8 Септември“ и Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, Ќе се реконструираат и болниците во Кичево и Струмица. Се планира и крупна реконструкција на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.