Повеќе од 230 нови облакодери ќе никнат во центарот на Лондон во рамки на драматичната трансформација на градскиот пејзаж, соопшти денеска британскиот архитектонски труст „Њу Лондон аркитекчр“.
Оваа oрганизација наведува дека веќе се предложени, одобрени или се во фаза на изградба 236 кули од 20 и повеќе катови.
За разлика од досегашната пракса, кога облакодерите се граделе речиси исклучиво како деловни згради, 80 отсто од новите кули ќе бидат неменети за станување.
Овој тренд го диктираат цените на недвижнините на пазарот што се едни од највисоките во светот.
Највиоската зграда во Европската унија се наоѓа во Лондон- стаклената кула Шард, висока 306 метри, што беше отворена минатата година, а која покрај канцеларии соддржи и неколку ресторани, хотел и панорамска тераса
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.