– Долгот на Украина за испораките на руски гас денеска изнесува над 1,8 милијарда долари – соопшти во Берлин шефот на „Газпром“, Алексеј Милер.
-Денеска долгот на Украина за испорачаниот гас изнесува над 1,8 милијарда долари. Притоа, од почетокот на годината, месец за месец долгот се повеќе и повеќе нараснува. Да, во Украина има длабока политичка криза, но за гасот треба да се плаќа. И денеска гледаме дека нашите активности кон Украина се целосно лојални. Ги имаме сите права, во согласност со актуелните договори, да преминеме кон наплата за испораките на руски гас за Украина. Ние, меѓутоа, не го правиме тоа, ние гледаме дека тоа е многу важен момент за тоа во Украина да не дојде до економски колапс, да не се појават ризици за транзитот на руски гас за Европа – рече Милер, цитиран од ИТАР-ТАСС.
Тој дополни дека „оваа ситуација не може да продолжи до бескрај“.
Според Милер, финансиската помош за Украина од страна на Русија во моментов изнесува пет милијарди долари: кредит од Владата во вредност од три милијарди долари и „недобиените од Газпром една и две милијарди долари за испораките на гас“.
-Сакаме нашите украински партнери да бидат платежно способни, не сакаме гасна криза – рече Милер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.