Овој форум е во организација на реномираната адвокатска куќа Сантини Студио Легале од Рим. На форумот беа присутни претставници на компании од различни индустрии кои се запознаа со добрата бизнис клима и во разговорите со министерот Наумоф ги договорија понатамошните чекори и планови за посета на Македонија.
Адвокатската куќа Крискуоли&Партнери, (Criscuoli&Associati), чиј сопственик Франческо Дагнино ја посети Македонија минатиот месец, по повод посетата на Министерот Наумоф во Милано, организираше работна вечера со асоцијацијата на претприемачи од Милано YEA. Таму, Наумоф, како почесен гостин, имаше обраќање за бизис климата и инвестициските можности во Македонија пред триесетина петприемачи од различни сектори на производство од Милано. Како резултат на овие разговори, се договори посета од страна на италијанските претприемачи во Р. Македонија во текот на следниот месец
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



